Во угостителски објект во Кавадарци, синоќа дошло до физичка пресметка меѓу четири лица, во која биле употребени различни предмети, информираат од СВР Велес.
Во 23 часот било пријавено дека во угостителски објект во Кавадарци дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М. П. (43) од Крива Паланка, И. Ѓ. (43) од Кавадарци и А.М. (20) од светиниколското село Лозово од една страна и Л.Т. (34) од кавадаречкото село Бегниште од друга страна – информира портпарол на СВР Велес , Верољуб Додевски.
Се работи на расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.