Градоначалниците на општините Демир Хисар Марјанче Стојановски и на Општина Новаци Љубе Кузманоски ја информираа јавноста дека се инифицирани од Ковид-19 и веќе се во домашна изолација.
Стојановски и Кузманоски имаат добра клиничка слика со благи симптоми предизвикани од Ковид-19, и согласно мерките за заштита од заразни болести и двајцата во наредниот период работните активности ќе ги извршуваат од дома и во координација со своите соработници во тамошните локални самоуправи.
Исто така и градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски синоќа соопшти дека е позитивен на коронавирус, споделувајќи ја информацијата на Фејсбук.
Момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус. Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чувство за мирис. Чувајте сѐ, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје – напиша Јанкоски.
Comments are closed for this post.