Утрово во 9 часот и 30 минути започнува седницата на Уставниот суд на кој треба да се расправа за начинот на кој беше избран Талат Џафери за претседател на Собранието на 27 април 2017 година.Неговиот контроверзен избор беше повод за упадот во Парламентот и за сето тоа што следеше потоа.

По три години Уставниот суд реши да расправа за иницијативите поднесени од Подносители на иницијативите, како што информираат од Уставниот суд, се Тодор Петров од Скопје, претседател на Светски Македонски Конгрес, Васко Лазески од Кичево, Богдан Илиевски и Борис Дамовски од Скопје и Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе.

Изборот на Џафери, според нив е спротивен на шест члена од Уставот, три члена на Законот за Собрание и на 29 члена од Деловникот.

Во нивната  оспорената одлука за избор на претседател на Собранието  Македонија се наведува дека била донесена по затворање на седницата н, од страна на неопределен број пратеници, и со тоа биле сторени повеќе кривични дела согласно Кривичниот законик.

Покрај тоа, оспорената одлука била потпишана од пратеникот Горан Мисовски, кој не бил претседавач на конститутивната седница.

Адвокатот Тодоровски  вели дека оти очекува судот да поведе постапка за оценување на уставноста од неколку причини.

Судот треба да одлучи дали ќе поведе постапка за оценување на законитоста за изборот за претседател. Но, за тоа да се случи треба да гласаат минимум пет судии а во моментов толку судии има судот од вкупно девет.Значи сите треба едногласно да гласаат што е речиси неверојатно-објаснува Тодоровски за „Пресинг ТВ“.