Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати порака до Сенатот за „разгледување и согласност“ на пристапниот Протокол за влез на Македонија во НАТО.
Во официјалниот допис од Белата куќа стои дека Протоколот бил потпишан во Брисел на 6-ти февруари 2019, од страна на САД и на другите членки на Северноатлантската алијанса.
Целосната ратификација на Протоколот ќе и`овозможи на Северна Македонија да стане дел од Северноатлантскиот договор и членка на НАТО – се вели во соопштението.
Во него се додава дека Македонија е решителен партнер на САД и оти од членството во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и на НАТО Алијансата.
Бараме Сенатот да обезбеди препорака и согласност, и мојата администрација е подготвена да помогне во неговите излагања – соопшти Белата куќа.
Comments are closed for this post.