Деновиве беше пуштен во употреба вториот дел од бул. Христијан Тодоровски Карпош и со тоа се финализираше мојата заложба за поврзување на овој дел од градот со обилколницата. Овој проект беше предвидено се реализира во две фази. Првата од бул. Босна и Херцеговина до ул. Натанаил Кучевишки и втората од ул. Натанаил Кучевишки до обиколницата, oбјави на Фејсбук поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски.

Најпрво целосно ја завршив експропријацијата во вредност од околу 1.5 милиони евра. До 2017 година ја завршив првата фаза со исклучок на првите 50 метри на кои постоеа линии со водоводна и канализациона мрежа кои требаше да се дислоцираат. Со оуштањето во употреба на првиот дел се намали сообраќајната гужва на влезот и излезот од населбата Бутел.

Втората фаза ја оставив со завршена експропријација и готови градежни проекти за реализација. Петре Шилегов 2 години чекаше и ги казни жителите на Бутел, Радишани и десетици населени места што гравитираат во овој дел на Скопје. Тој ја одложи реализацијата се со цел да се кити дека нешто сработил.

2.5 години подоцна, Бул. Христијан Тодоровски Карпош, сообраќајниот метеж на Бутелска го прави минато. Конечно развојот на овој дел на градот може да стартува. Отворени се можностите за развој т.е. изградба на објекти од двете страни на булеварот.

На скопјани им посакувам со лесно да го користат овој булевар а на Петре Шилегов му порачувам да не се срами и да не биде самобендисан и да ги реализира 14-те готови проекти кои му ги оставив. Скопје не почнува со него и нема да заврши кога тој ќе замине.