СДСМ не бил самостојно на избори, СДСМ е во коалиција со 23-4 политички партии. И кога ќе ги презентирате резултатите колку СДСМ освоил пратеници, треба да знаете дека 16-17 пратеници не се нивни пратеници, не се членови на СДСМ, тие се членови на други помали политички партии. Меѓутоа во јавноста тоа така не се презентира за жал, медиумите во главно и од парламентарната расправа и од другите расправи пишуваат тоа рекол пратеникот од СДСМ и завршува со тоа. Така да поради тоа мора да се менува законот, не може предност да имаат партиите што се поголеми, истакна Павле Трајанов од Демократски Сојуз во „Утрински Брифинг“.
Трајанов додаде дека не може поголема партија да има четири минути за реклама, а другите партии и вклучително опозицијата да имаат помалку минути за реклама односно 1/5 од тоа, тоа не е фер.
Сите партии треба да имаат ист третман, на ист начин да бидат третирани и финансирани. Секаде во медиумите треба на ист начин да бидат поддржани. Тогаш ќе имаме рамноправен третман на сите партии и услови за политички натпревар, нагласи Трајанов.
Трајанов посочи дека Парламентот е нефункционален.
Comments are closed for this post.