Само неколку дена откако со само 62 пратеници Заев доби доверба на влада, лидерот на СДСМ посегна по нови „шибицарски“ финти. Сосема неочекувано тој даде понуда до ВМРО-ДПМНЕ за заедничка влада.

Но внимавајте, во понудата Заев си го бира и партнерот, и тоа не сака да биде Христијан Мицкоски, бидејќи како што се изјасни со него не можел да се договори.

Јасно е дека Заев за партнери сака некој уценет како Никола Тодоров или пак Митко Јанчев кој јавно ги фали политиките на премиерот или пак „случајно“ се фотографира со Вице во кафеана.

Целта на Заев е во владата да си донесе контролиран партнер кој нема да има проблем да му даде легитимитет на  „Северна“ но и на договорот со Бугарија кој најмногу му тежи.

Но, Заев како да не очекуваше дека предлогот да му биде одбиен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Тој сметаше дека опозицијата едвај ќе чека да влезе во влада со него, но не испадна така.Згора на тоа, предлогот на Заев беше одбиен и од неговата коалиција. Против се изјаснија ДУИ, Павле Трајанов, ЛДП а засега водржана е само Беса.

Дека Заев нема контрола внатре во коалицијата се гледа и во незадоволстовото кое постои во ДУИ особено во неколкуте пратеници контролирани од Изет Меџити.

Над глава му тежи и последната анекта на ИПИС на која ВМРО-ДПМЕ има сигурна предност пред СДСМ и која е речиси сигурен победник на изборите, кога и да се одржат.

Затоа на Заев не му преостанува ништо друго освен принципот „купи ден помини“. Па до кога тера тера.