Лидерот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието на Република Македонија, Павле Трајанов, изрази сомнеж дека актуелната владина коалиција ќе ги дочека редовните парламентарни избори предвидени во 2024 година, сметајќи дека уште во октомври е можно да се одржат предвремени избори.
Јас сум сигурен дека ни СДСМ, ни ДУИ се подготвени да го променат Уставот и да отидат на избори. Тоа нема да се случи, туку СДСМ е во предизборна кампања, исто и ДУИ е во предизборна кампања и проценките се дека најдоцна таму во септември или октомври ќе има предвремени избори. Без разлика што сега се обидуваат да го зголемат парлемантарното мнозинство, што исто така ќе има негативни рефлексии врз вкупните состојби – изјави Трајанов при неговото гостување во „Утрински печат“.
Comments are closed for this post.