Седумдесет и четири годишна жена-пешак се здобила со тешки телесни повреди кога во неа удрило товарно комбе на крстосницата на улиците „Борис Трајковски” и улица „Народни херои” во Скопје.

По несреќата, повредената 74-годишна скопјанка со возило на Брза помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски” каде и биле констатирани повреди.

Возилото со скопски регистерски таблички било управувано од 29-годишниот А.Б. од Скопје.

Од МВР соопштија дека се работи на расчистување на случајот.