Министерот Тошковски смета дека Македонија е синоним за парадокс.Чудата, вели министерот се само во Македонија, освен можеби само во Северна Кореја. Сликовито објасни каде може а каде не може да се влезе со документи со старото име.

Граѓанин на Македонија со лична карта со старото име тргнува од Скопје и без проблем оди во Белград.Може да оди да пие кафе во Косово или во Тирана и да се избања на море во Албанија.Може да влезе во Хрватска а може со автомобилот да отиде во Австрија,Италија, Унгарија или Прага и да се врати назад.Но, ако му се расипе автомобилот и сака да се враќа со авион може да слета во Скопје со истиот пасош ама не може со авион повторно да излезе, објасни Тошковски за „Република“