Министерот Тошковски смета дека Македонија е синоним за парадокс.Чудата, вели министерот се само во Македонија, освен можеби само во Северна Кореја. Сликовито објасни каде може а каде не може да се влезе со документи со старото име.
Граѓанин на Македонија со лична карта со старото име тргнува од Скопје и без проблем оди во Белград.Може да оди да пие кафе во Косово или во Тирана и да се избања на море во Албанија.Може да влезе во Хрватска а може со автомобилот да отиде во Австрија,Италија, Унгарија или Прага и да се врати назад.Но, ако му се расипе автомобилот и сака да се враќа со авион може да слета во Скопје со истиот пасош ама не може со авион повторно да излезе, објасни Тошковски за „Република“
Comments are closed for this post.