Во судот денеска е спроведен екс директорот на УБК, Сашо Мијалков на рочиште за предметот на СЈО, „Тортура“.
Во Кривичниот суд се пуштаа телевизиски снимки од апсењето на Бошковски.
Во неколку прилози беше виден и екс премиерот Никола Груевски, кој веќе еден месец е во бегство во Унгарија.
Во „Тортура“, обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Comments are closed for this post.