Настапите на лидерот на СДСМ Зоран Заев, во кои го плаши „граѓанството“ со ВМРО-ДПМНЕ небаре е бабарога, за адвокатот Александар Тортевски излегуваат од кругот на партиско делување и стануваат опасност за целата држава.

-Сакам СДСМ да си одат, а не сакам да се врати ВМРО. Заев станува проблем на целото општество и мора да замине, но ако СДСМ го добие Скопје, Заев тоа ќе го претстави како негова лична победа добиена со пазарења на штета на сите. СДСМ може да се реформира само ако се тргне Заев“, анализира Александар Тортевски, еден од десетте кандидати за градоначалници на Скопје, кој не влезе во вториот круг.