Тоа што Артан Груби нуди отстапка од премиер Албанец, само го потврдува тоа што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го говореше.

А тоа е дека Димитар Ковачевски е само слуга на ДУИ и Али Ахмети.
Владата ја води Ахмети и ДУИ, а Ковачевски е само поставен на позицијата за да ги исполнува интересите на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што Ковачевски прифаќа се што ќе му стават на маса Ахмети, Груби и ДУИ, покажува дека Ковачевски е заробен премиер од ДУИ.

Ковачевски и СДС наместо да молчат, би било добро да се произнесат како го коментираат признанието на Груби дека СДС е малиот коалициски партнер во владата на ДУИ?
Ковачевски и СДС им дале се на ДУИ само за да опстанат на власт за да можат да крадат.
Како свири Али, така Димитар игра.

ВМРО-ДПМНЕ не се пазари, велат од партијата.

Со оглед дека ДУИ ја водат владата, а СДС е нивниот помал коалициски партнер, му порачуваме на Груби дека единствено за кое што можеме да преговараме и договораме е датумот за предвремени парламентарни избори. Народот на избори ќе одлучи во која насока сака да се движи државата. Се останато е само ден загуба за граѓаните.
Се надеваме дека шефот Ахмети и ДУИ ќе ја прифатат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе му наредат на слугата Ковачевски да прифати избори.