Очекуваме зеленото светло од претседателот Емануел Макрон, изјави францускиот амбасадор Франсоа Тимоние во Битола, а во врска со очекувањата на ставот на Република Франција околу определувањето датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
Коментирајќи ја одлуката на германскиот Бундестаг, францускиот амбасадор во земјава нагласи дека секоја држава има свој систем на одлучување.
Секој со својот систем. Ние го очекуваме зеленото светло од нашиот претседател на Републиката. Како и секогаш, ние многу споделуваме со нашите германски партнери за оваа тема. Имаме добар став кон вашата земја и кон сите напори што таа ги направи на регионален план. Ние, Французите и Германците многу добро знаеме дека треба уште многу, многу работа за реформите што се на хартија да станат реформи во реалност. Ќе направиме еден убав коктел меѓу реалноста и она што значи добар прием. Реалноста која треба да се поправи и дополни и секако она што ние го очекуваме, а тоа е добар прием од наша страна“, изјави Тимоние.
Додаде дека 27 држави од ЕУ ќе дискутираат, може да се донесат добри одлуки, но тоа значи дека е потребна дискусија, многу дебатирање и многу компромиси.
Францускиот амбасадор Тимоние денеска беше во посета на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Comments are closed for this post.