Вчеравечер во 20.30 часот на регионалниот пат Скопје -Куманово, во село Арачиново, мотоцикл „Јамаха“, управуван од 21-годишниот М.Р. од село Арачиново, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, па препратен во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.