Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва, во периодот меѓу 19 и 19.30 часот во близина на хотелот Александар Палас во Скопје.
Во несреќата во која учествуваа „Рено Сценик“ и „Опел Корса“ има повредени, што предизвика на лице место да интервенираат од брзата помош, но и едно возило на противпожарната бригада.
Неофицијално, според информациите од минувачите што биле во близина кога се случила несреќата, до судирот дошло кога „Опелот“ излегувал од пристапната уличка од хотелот кон булеварот, при што на него налетало „Реното“ кое се движело од Момин Поток кон Водно.
Како последица на ударот, „Опелот“ се извртел по што удрил и во електричниот столб во близина.
Подетални информации ќе има откако ќе заврши увидот на екипите на МВР.
Comments are closed for this post.