Грчката влада е пред распаѓање, констатира „Ефимерида“ во денешен текст повикувајќи се на вчерашната владина седница на која од министер Панос Каменос на сите им се кревала коса на глава, а министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас најавил оставка.

Претходно опозициската Нова демократија излезе со став дека Владата се наоѓа во распаѓање и оти нејзините членови не можат да го скријат тоа дури и зад затворени врати.

„ Не се има случено премиер да ги моли министрите да не го турнат, а потоа рамнодушно да ги гледа како меѓусебно се обвинуваат за да не ја загубат нивната фотелја. Доста е. Земјата не може повеќе да тоне поради нив, соопштуваат од Нова демократија.

Според извори на „Ефимерида“, владата на Алексис Ципрас поминува низ најтешка криза и оти кавгата меѓу Каменос и Коѕијас отишла толку далеку што шефот на грчката дипломатија му рекол на премиерот дека ќе поднесе оставка.

Коѕијас побарал од Ципрас да „го вразуми“ Каменос и нагласил дека „никогаш претходно не му одржал лекција“. Весникот нагласува дека „познавајќи го избувливиот карактер на Козијас, можно е тој да поднесе оставка“.

Инаку, детаљи за кавгата на владината седница утринава на АНТ1 ТВ изнел претседателот на Претставничкиот дом, Никитас Какламанис. Тој потврди дека имало искри како и тоа дека во еден Каменос го обвинил Козијас за злоупотреба  на тајни фондови на МНР.

Според „Ефимерида“ дијалогот одел вака:

-Каменос: Останувам на моејот став за ПЈРМ…нема да влезам во битка за соборување на владата.

-Коѕијас: Работиш прашања од сферата на надворешната политика по цена на владата и тераш свои политики и лични аспирации!

Каменос: Имаше дадено гаранции од МНР дека договорот со Скопје ќе оди во парламентот по изборите…

Коѕијас: Тоа никогаш не се случило. Чекорите беа одобрени од премиерот и релевантните тела. Изгледа нешто си пропуштил од владините состаноци…

Каменос: Ние ја расчистивме нашата позиција и пристапот. Не е лажна како таа на Мицотакис. Мислам, како и да е, дека договорот нема да дојде во парламентот затоа што процесот во Скопје нема да се комплетира. Во секој случај, нема да се идентификуваме со Нова демократија во намерата да ја собори владата.

Ципрас: Договорот е на владата не на министерството.

Каменос: Не дозволувам повеќе лични напади, туку политичка конфронтација. Неприфатливи се коментарите како тие што ме нарекуваат Салвини..

Потоа кавгата меѓу Каменос и Коѕијас продолжила при што двајцата министри се обвинувале за протечување информации во јавноста и местенки.