МВР денеска информираше дека лицето А.Б. е лишено од слобода во рамки на акцијата на одделот за сузбивање организиран криминал која се спровела во повеќе градови низ дражавава.

Одземени се повремено голем број артефакти, а лишени од слобода се вкупно 13 лица.

Се очекува деталите да бидар соопштени утре на прес-конференција.

Претходно лично режисерот потврди за приведувањето на татко му.

Утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и по неколку часа, мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во Полициската станица Гази Баба, напиша во објава на својот фејсбук-профил режисерот Јани Бојаџи. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на поддршката на сите вас што денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство“, наведува режисерот во објавата.


Инаку вечерва е македонската премиера на филмот од „Ругање со Христос“ на отварање на фестивалот Киненова во скопското кино Милениум.

Филмот на Бојаџи е актуелен изминатиов период по реакциите од министерот за култура Асаф Адеми и од директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кои иако кажаа дека не го гледале филмот туку само трејлерот, го оценија како скандалозен, без уметничка вредност и оти ги навредува чувствата на Албанците оти војниците на ОНА се претставени како насилници силувачи.

Пред два дена режисерот обвини дека власта прави сè за да го спречи  одржувањето на филмскиот фестивал „КинеНова“, поради македонската премиерата на „Ругање со Христос“,