Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари вечерва во „Топ Тема“ на Телма телевизија, во врска со законот за попис кој валдеачкото мнозинство го донесе, истакна дека Владата функционира како раштиман оркестар
Нашата партија го подджа законот за попис, но амандманите не ни дозволија да ги дадеме, иако деветте гласови на нашите пратеници беа одлучувачки, пописот помина иако укажувавме дека не може да се изгласа закон за попис без притоа да има јасна и точна методологија каков ќе биде пописот, истакна Таравари.
Тој вели за жал Владата наназад четири години функционира како раштиман оркестар ако се прочита Методологијата која е педесетина страници, ќе се увиди дека има многу дилеми, а директорот на Заводот за статистика вели дека за иселениците нивните семеjства не можат да кажат што по националност или по верска припадност, па излегува заменик министерот чии врзани потписи се небулозни.
Не се остава простор да се има општ консензус за пописот, за идни проекции за развој, туку се политизира целиот процес, вели Таравари.
Таравари посочи дека самите општини дури имаат и податоци на родени и одредени други податоци, оваа операција треба чесно да се сработи и треба да има веродостојни резултати кои ќе наидат на верување од страна на граѓаните.
Comments are closed for this post.