Арбен Таравари од Алијансата за Албанците обелодени дека според нивните анкети, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претседател, Гордана Силјановска Давкова, е во водство пред кандидатот од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.

Арбен Таравари

Ние веруваме дека кандидатот што го поддржуваме, Берим Река, кој во последно време има поддршка и од други етникуми, има шанси да влезе во вториот круг на изборите. Таму, според нашето истражување, треба да се соочи со Силјановска, која засега има мала предност во однос на Пендаровски, но да видиме како ќе се одвива кампањата, бидејќи до тогаш има уште време, истакна Тараваари во емисијата „360 Степени“ на Алсат.