„Жалосен ден за цела Македонија. Има голем број повредени, 13 се загинати, а петмина се во сериозна животнозагрозувачка состоба. Најголем дел од повредените и загинатите се од Гостивар. Се преземаат сите неопходни мерки. Посетив голем дел од пациентите. Шоферот е во добра, стабилна состојба и се надевам дека ќе добиеме релевантни информации од него и од надлежните институции за превртувањето на автобусот полн со патници“, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој дојде во Градската општа болница „8 Септември“ откако претходно, како што рече, ги посетил еден по еден сите повредени, згрижени во останатите здравствени установи.