Taравари не бил роден во Влада

Откако Изет Меџити побара Арбен Таравари да ја напушти Владата, министертот за здравство во изјава за „Стадион“ минатата недела нагласи дека повеќе не гледа простор за понатамошна соработка со Вреди и откри дека е во комуникација со лидерот на итегративците Ахмети и оти не ја исклучува можноста за соработка со ДУИ на вториот круг од локалните. Таравари рече и дека доправа ќе се одлчува дали ќе остане во Владата.
-Со Ахмети не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат дека треба да бидеме во Владата ќе продолжиме, ако не – ќе одиме во опозиција. Генерално ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот, рече Таравари.
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






Comments are closed for this post.