Aлијанса за Албанците до сега не размислувала да коалицира со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вели дека идеолошки се поблиску до ВМРО-ДПМНЕ отколку со СДСМ. Доколку во вториот круг влезат само Пендаровски и Силјановска, на прашањето дали Алијансата ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тој одговара:

Ние не сме партија која полни кутии и немаме команда на нашите гласачи. Ќе оставиме граѓаните да одлучат“.

Тој во изјава за Фокус појаснува дека двете партии се блиски по идеологијата затоа што се десничарски.

Кога велам идеолошки мислам на тоа дека и двете партии се десни. Инаку најблиски се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и идеолошки и во начинот на водење на државата. Владиниот дуел не е многу различен, затоа што ДУИ ги дава сите карактеристики на новата Владата да личи на режимска “, вели Таравари.