Таксистот што беше пронајден мртов во своето такси возило под железничката станица во Скопје, е 58-годишниот М.П., информираат од МВР.
Од полицијата информираат дека случајот, во 18.30 часот, го пријавил случаен минувач кој го приметил неподвижниот возач на семафорите кај Железничка станица. Возилото „Фиат Линеа“ со такси ознака стоело на семафорите во правец од Аеродром кон Центар, на лентата за вртење лево.
Станува збор за починато лице – таксист, М. П. роден 1961 година. Од лекар на Итната медицинска помош е констатирана смрт без траги на насилство. М.П. претходно имал проблеми со срцето – информираат од МВР.
Comments are closed for this post.