Сведокот Васил Димишков во своето сведочење во случајот „Рекет“ имаше неколку контрадикторности. Тој посочи дека прво со Орце Камчев, со сопругата Ана, како и со Зоран Милевски – Кичеец разговарал да се вклучи за ангажман во тимот на одбраната на бизнисменот за случајот „Империја“.
Неговата сестра, судијката Весна Димишкова беше судија во истиот случај во претходна постапка која и му го одреди притворот на Камчев.
Одговарајќи на прашањата на одбраната на Боки, изјави дека со договор бил ангажиран во Стопанска банка-Битола во извршувањето на своите задолженија имал и редовни контакти со директорот Владимир Ефтимовски но одбраната побара подетално да го образложи контактот од август 2018 година.
Според него, тогаш банката имала еден предмет за кој размислувала да поднесе тужба за измама за клиент кој не ги иполнувал обврските за земен кредит. Токму на таа средба директорот Ефтимовски му пренел дека Орце Камчев сакал да се види со него, на што Димишков оставил да му кажат кога средбата ќе биде закажана.
По ден, два директорот му пренел да отиде во канцелариите на комплексот Систина“.
Дојде Камчев и го извади телефонот од кој набрзина почна да му покажува фотографии од некои документи меѓу кои имаше и еден на кој пишуваше „наредба“ и видов дека на него има потпис на Весна Димишкова. Се изненадив – изјави адвокатот Димишков.
По ова Камчев му рекол дека има тим адвокати и оти сака Димишков да го вклучи во него за што го прашал колку ќе чини таа услуга. На ова Димишков возврати сакал да знае што точно Камчев бара од него, која ќе биде неговата улога во тимот и откако ова ќе му биде појасно ќе ја одредел и износот.
Камчев се согласил и побарал време да размисли два три дена и да се консултира со изговор дека ќе му се јави во понеделник.
Камчев не ме повика и со него не се видов и на тоа заврши се – изјави Димишков.
По ова, откако на Камчев му бил одреден притвор на Димишков почнале да му се јавуваат роднини и пријатели со барање да прифати да го застапува Камчев, но неговиот одговор бил дека не може ништо да помогне.
Меѓу лицата кои му се јавувале бил и Кичеец иако и нему му било кажано дека Димишков не можел да помогне.
Милевски организирал средба на Димишков со сопругата на Камчев, Ана, која исто така била во тимот на Орце.
Ана Камчева на почетокот на средбата му појаснила дека имаат стратегија да го зголемат тимот, да ангажираат вешти лица и дека планирале и него да го ангажираат. Димишков возвратил дека тоа што го барааат од него е нереално, посебно не за таков краток временски период и законските рокови. Тој сметал дека Ана Камчева го сфатила и оти од тие причини се согласила со него, а средбата завршила со заклучок тој да направи пресметки колку ќе чини неговиот ангажман во случајот.
Откако ја анализирав целата ситуација и ги прозрев нивните намери дека доколку ме ангажираат судијата во претходна постапка, судијата во претходна постапка по сила на закон по сила на закон ќе биде изземена во предметот. Од разговорот со Кичеец и Камчева оценив дека не би требало да бидам ангажиран. Кога ми ја јави Зоран Милевски му кажав сума која за нив нема да биде прифатлива и тоа и се случи – објасни Димишков.
Обвинителката Рускоска реагираше на исказот на Димишков оценувајќи го како контрадикторно и забележа дека цел тим на адвокати на Камчев не ја знаел постапката за одредување на притвор туку само тој.
Потоа Рускоска се наврати на средбата на Камчев и Димишков во Систина и го праша дали тогаш му објаснил на бизнисменот дека не може да биде дел од тимот затоа што може да има изземање на судијката Димишкова или не.
–Не, не е таква постапката – посочи Димишков и беше прекинат од Рускоска.
–Каков адвокат сте зборувале а како брат не – му рече Рускоска на Димишков.
Димишков на ова се обиде да возврати: „Во тој момент немаше предмет“.
Но, Вилма на регираше: „Ама сте виделе наредба, како може да нема предмет“.
За потсетување, на сведочењето на Ана Камчева и Орце тие наведоа дека Димишков за својот ангажман и услуги побарал 8, 6 и 4 милиони евра во зависност каква мерка и што ќе биде издејстувано од Судот.
Comments are closed for this post.