Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ги отфлри како шпекулации и невистини написите во врска со случајот „Топлик“ дека Министерството, односно тој како министер со дописите до Државното правобранителство исклучува вина за обвинетите за случајот Топлик.
Ниту јас ниту Министертвото за транспорт и врски не е правосуден орган за да може некому да пресудува или да ослободува.Денеска во медиумите излегоа неколку документи кои се однесуваат на овој случај, но Ве уверувам дека некој сакал да ги прикаже само документите со кои сакале да нанесат штета на државата. И за жал не ги објавиле сите документи. Сето ова е чиста фарса, шпекулации и невистини, изјави вечерва за медиумите Сугарески.
Тој појаснува дека во овој случај Државното правобранителство заштитувајќи ги интересите на државата се спогодило со конкретната фирма за раскинување на договорот и врз основа на тоа, Министерството е задолжено да и исплати сума од 223 милиони денари на фирмата што претставува платената цена за градежното земјиште и законска затезна камата во износ од 64 милиони денари. И ова, посочува, одредени медиуми и ВМРО-ДПМНЕ го користи за да постави некоја сопствена теза за да се влијае врз случајот „Топлик“.
Тој нагласува дека во документот што е испратен до Државното правопранителство, а којшто не е објавен по медиумите стои дека, МТСП ќе се приклучи кон оштетните побарувања во висина од 64 милиони денари, ако се утврди кривична вина во постапката.
Во официјалниот допис што го испративме до Државното правобранителство стои дека МТСП предјавува имотно правно побарување во износ од 64 милиони 206 илјади денари при утврдена вина на обвинетите, рече министерот Сугарески.
Comments are closed for this post.