Сашо Мијалков, обвинет од Специјалното јавно обвинителство во случаите „Таргет“ и „Тврдина“,го добил пасошот назад, наводно со образложение затоа што патната исправа му требала за да комуницира со странство како стопанственик и дека тоа нема да влијае врз редовното присуство на рочиштата, објавува magazin.mk.
По објавата на истражните постапки од страна на СЈО и Катица Јанева, на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање како времена мерка за претпазливост, на барање на СЈО, Кривичниот Суд Скопје му ја одзеде патната исправа – пасош како мерка за безбедност.
Пресинг Тв побара потврда од СЈО и Кривичен суд и не доби.
Од СЈО само посочија дека во последните три месеци до сега нема ниту едно барање за враќање на пасошот.
Comments are closed for this post.