Судијката Васка Николовска Масевска денеска воспостави нова пракса и по завршувањето на рочиштето на „Рекет“ имаше средба со новинарите.
Новинарите ја прашаа за снимката која крена најголемо внимание, за тоа кои се лицата кои седат на маса со Зоран Милевски -Кичеец.
Николовска Масевска рече дека не може да каже ниту дека тоа се лицата спомнувани во медиумите ниту дека не се тие на снимката и оти не ги препознала затоа што била свртена со грб.
Судијката додаде дека го познавала адвокатот Ване Андреев, а Вице Заев го имала видено во медиумите.
Comments are closed for this post.