Еден човек е тешко повреден при судар на автобус марка „Јутонг“ и „Фолксваген Пасат“ во Ѓорче Петров. Сообраќајната несреќа се случила на крстосницата на улиците „Кузман Шапкарев“ и „Борис Сарафов“.

Тешко повреден е совозачот на „Пасатот“, 40-годишниот М.Ј. од село Зајас – кичевско, додека возачот, 42-годишниот Р.Р. од село Колари – кичевско се здобил со полесни повреди. Тие двајцата се префрлени во  Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што им била укажана  лекарска помош.

На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.