Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва во населбата Влае, на булеварот близу комплексот згради Порта Влае.

Во несреќата учествувале четири возила, ауди караван со бугарски регистарски ознаки и мерцедес, бмв и товарно комби, сите со скопски регистарски ознаки.

Според очевидци, до несреќата дошло откако аудито се обидело да го претекне комбето од десна страна и удрило во возило кое било паркирано при што настанал вистински карамбол.

Очевидците тврдат дека возачот на аудито бил во алкохолизирана состојба.

На местото на несреќата полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива отежнато и по една лента.