Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг испратил писма до Скопје и Атина со кое бара целиот легислативен процес со Преспанскиот договор да заврши до 15 февруари, објавува грчки Катимерини.

„Постои писмо од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“. – стои во текстот на „Катемирини“.

Македонското Собрание се очекува да ги изгласа уставните измени околу 15 јануари, што значи дека потоа се бара рок од еден месец од грчкиот парламент да ја ратификува Спогодбата од Преспа.

Ова според грчкиот весник е наведено во писмо од Столтенберг порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес.

Извори на весникот вчера потврдиле дека иако грчкиот премиер Алексис Ципрас во јавноста се однесува како да не му се брза, тој сепак сака да ги исполни побргу обврските што се очекуваат од него.