Оваа фотографија, „стој на раце” со израелскиот амбасадор Дан Орјан, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно, напиша претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи под фотографијата снимена во неговиот кабинет за време на денешната средба.

На средбата Пендаровски и Орјан се согласиле дека Македонија и Израел градат плодни економски релации и изразиле подготвеност за интензивирање на соработката во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во областа на културата и туризмот.