Владата тоне во корупција и во афери. Институциите се политички притиснати и парализирани. Ниту имаат капацитет, ниту имаат храброст, ниту пак волја за да го истражуваат криминалот на власта, мноштвото криминогени – корупциски скандали на државната мафија, рече Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
На денешната прес-конференција тој истакна дека нема никаков напредок во расчистувањето во скандалот „Леонардо“ – корупциски скандал од меѓународни димензии, во кој што, според аудио доказите, „директно е вмешан генералниот секретар на државната мафија, Драги Рашковски“.
„Државната комисија за спречување коруција (ДКСК) се уште предметот го држи отворен! Колку време им треба на антикорупционерите во Комисијата за спречување на корупцијата за едноставно да заклучат дека не му е местото на Драги Рашковски да договара средба која компанија да добие тендер, потоа средби среде тендер за тоа какви документи да се дособерат за тендерската документација да се дополни, па средби со компанијата која што е договорено да добие тендер да се договара аванта. Комисијата отвори предмет „по допрен глас“ по правдањата на Драги Рашковски за скандалот, на 4 јули! Од 4 јули до сега изминаа 50 дена, а од Комисијата ниту глас! Зар и ДКСК ќе чека четири месеци за да се зачистат сите докази и сведоци за „Леонардо“?, праша Стоилковски.
Тој додаде дека нема никаков напредок ниту за „Тополки“, за кој ДКСК на 9 мај оваа година отвори предмет за вицепремиерот Кочо Анѓушев.
„Владата каде вицепремиер е Кочо на 11 јуни одлучува да им даде 9 илјади квадратни метри државно земјиште на Анѓушеви, во непосредна спогодба, потпишала Радмила Шекеринска, на 21 јуни одлуката се објавува во „Службен весник“, а Комисијата за борба против корупцијата, уште молчи. ДКСК не смее да биде тампон зона, не смее да биде алиби за криминалот, за корупцијата и за бизнисите на државната мафија“, истакна Наум Стоилковски.
Comments are closed for this post.