Македонија остана без почеток на преговори за членство во ЕУ, а во МНР владее хаос и самоволие. МНР со Димитров е постојан извор на скандали, кои се или директно поврзани со Никола Димитров или скандали поврзани за самоволие и политички реваншизам, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Додека на огласи се одбиваат се одбиваат доктори на наука и магистри по европско право и европска интеграција со меѓународни дипломи и искуство во дипломатија, заради внимавајте, застарено лекарско уверение, на платен список во МНР се блиски луѓе на Димитров и на партиското началство. Димитров мора да одговори како и дали е можно шефот на Кабинетот на Радмила Шекеринска, Катерина Ставреска, да биде вратена во МНР само на еден месец во јануари, само за да добие дипломатска титула Амбасадор? Дали за еден месец е унапредена во Амбасадор од позиција помлад соработник во државен советник за протокол?“, прашува Стоилковски.
Тој бара министерот да одговори зошто за доктори и магистри нема место во МНР и дали наместо нив, има место за Љубица Пендаровска, роднина на Стево Пендаровски, потоа место за блиската пријателка на Димитров Елена Пресилска, има место за шарени твитерџии како Јане Лазевски, или за пензионираниот амбасадор Ѓорги Филипов, кој што се откажа од трка за претседател и на кој сега му исплаќа за советување?
Додека дипломатијата пропаѓа, и под прашање се доведува подмирувањето на режиските трошоци на ДКП-ата на Република Македонија по светот, Димитров мора да одговори дали на платен список на МНР се и советниците на Зоран Заев, Дане Талески и Бојан Маричиќ, иако не се појавиле на работаво МНР ниту еден ден во министерството? Граѓаните не ги прифаќаат штетните политики на оваа власт чиј што репрезент е НД и актуелното не функционирање на МНР“, вели Стоилковски.
Тој вели дека крајно време е Никола Димитров да ја ефектуира оставката.
Поднесена лани по пропаста на неговиот предлогот за Илинденска Македонија, оставка за која што тврдеше потоа велеше дека е фалсификат, но никогаш потоа не се спомена евентуалната истрага за тоа кој можел да фалсификува печат од МНР и потпис од министерот за надворешни работи. Почитувани на Македонската дипломатија и е потребна обнова, сериозна обнова која ќе се случи со смена на оваа власта“, рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.