СДСМ во време на корона организираше избори на кои што сама учествуваше и едвај сама победи, гласаа луѓе кои што се со забрана за движење, потоа организираше групна прослава во центарот на Штип, а функционерите правеа банкет во ресторан во време по забраната за работа!
Истовремено за сите останати важат забрани и казни за групирање, за сите други важат казни за неносење маски, за сите други важат забрани и казни за прослави, за сите други важат забрани и казни за работа на локали по 21 часот!
Ова се фотографиите спорелени од штабот на СДСМ во Штип доцна синоќа, ова е фотографијата пред штабот на СДСМ, синоќа по 20 часот. Ова е фотографија споделена на социјалните мрежи, внатре од штабот на СДСМ. А, ова е фотографија од кафеана, од локал кој што работел за прославата на СДСМ по 21 часот! Ова се докази за нехуманост, самоволие и деспотското надзаконско делување на СДСМ!
И секако, пред овој објект ја нема Мери Проја Продановска да крева паника, нема специјални полициски одреди да упаднат во кафеаната и да казнуваат да бараат снимки, ја нема хистеријата на СДСМ! Ама ги има Костадинов и Николов во страствен занес!
Е па Докторе Сашко Николов, за секоја нова жртва од корона од Штип во следните денови, погледни ги овие фотографии!
Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.