Преименувањето на „Македонски шуми“ како јавно претпријаие е само уште едно од низата на национално обезличување, на бришење на идентитетот, на посебноста на македонската нација, на предавството на придавката македонско, македонска, македонски, се што е изведено од Македонија“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него вакво преименување, ваква како што вели суптилна забрана за користење на македонскиот јазик во именувањето, не е ништо поразлична од обезличувањето и обесчесувањето на имињата во Егејска Македонија, кога се избришани сите имињата, сите називи за да не го содржат македонското во себе.

Да не заборавиме, токму тоа бришење, истата забрана за користење на македонските имиња, заевизмот го прифати со преспанската капитулација“, рече Стоилковски.