Советникот на Зоран Заев кој зема 40.000 денари од граѓаните, од Буџетот на Република Македонија вчера го гледавме како водеше „ФолкФест“ во Валандово. Граѓаните секојдневно плаќаат 850 евра за советниците на Зоран Заев. Секој ден советниците на Зоран Заев граѓаните ги чинат 850 евра. Секојдневно граѓаните и државата тонат во долгови за Заев да си ги плаќа советниците, всушност да подмирува медиумски апологети и да задоволува партиски послушници“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Секогаш кога СДСМ како што рече тој се дограбува до власта Република Македонија ја тресат афера со влечење на пари од буџетот на сметка на развојот на стандардот за граѓаните.
Секогаш кога СДСМ ќе се дограби до власт, парите на граѓаните завршуваат во џебови на партиски советници и на партиски апологети. Зоран Заев за две години набилда советничка листа чиишто состав претставуваат срам што ги надминува границите на Република Македонија. Додека земјата тоне во сиромаштија со економски параметри, меѓународни оценети со 0, Заев ангажира советници, посебни советници, надворешни советници за кои државата одвојува повеќе од половина милион евра годишно. ВМРО-ДПМНЕ и до сега укажуваше на составот и на бројноста на советниците ангажирани од Заев. Најголемиот број од оние 63 на Советничката листа на Заев по ниту еден критериум не би биле ангажирани од ниту еден нормален владин, премиерски кабинет“, рече Стоилковски.
Како што потенцираше„ советничката листа на Зоран Заев ги надминува границите на Република Македонија како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, за кого српскиот претседател го посочи како човек протеран од таму и човек кој како рече крадел гаќи по трговски центри. Тие сега се економски советници и добиваат 1500 односно 1200 евра месечно од Буџетот на Република Македонија“.
Стоилковски прашува што работат овие советници, коишто државата ја чинат комплетно околу половина милион евра годишно? Што го советуваат Зоран Заев ако државата и граѓаните тонат во долгови, а се повторуваат меѓународните критики?
Мора да престане ова залудно трошење на парите на граѓаните. Заев и СДСМ мора да си заминат од власта, а потоа да одговараат за сето залудно трошење на Буџетот на народните пари. Македонија со ништо не заслужила вакво изживување врз неа“, порачува Стоилковски.
Comments are closed for this post.