„Среде најголемиот скандал рекет од октоподот, од државната мафија се најавува наводен инвестициски бум и нови задолжувања. Ниту економски бум е можен, ниту некој ќе инвестира, ниту некој ќе даде пари на државната мафија во Македонија, освен можеби со високи комерцијални камати, се додека не се расчисти владино – обвинителскиот – невладин рекет“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според него ова е меѓународен блам што ќе се одрази на севкупната активност – економска, дипломатска, општествена.
„Замислете среде најголемиот скандал со уцени на бизнис секторот во владиното – обвинителското злосторничко здружување, на одмор се и Русковска и Катица Јанева! Оваа втората уште повеќе ужива во странство! И таа што треба да гони и таа што треба да е гонета за случајот да добие некаква насока. Па каква е оваа слика која што се остава пред домашната и пред меѓународната јавност, особено кога се бара брзо расчистување на овој најголем скандал од високата корупција?“, вели Стоилковски.
Како што потенцира главата на рекетот се обидува да ја дефокусира јавноста и истрагата да заврши само на Боки 13 и на Кичеец и оти се отсава сомнеж дека Обвинителството намерно ја забошотува истрагата и дека се остава простор за бришење на траги, докази и влијание врз сведоци
Comments are closed for this post.