Вчера Стево Пендаровски го покажа своето лице уште еднаш, покажа дека е кандидат на заевизмот и дека, всушност, го претставува второто лице на истата паричка заедно со Зоран Заев, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Според него, како искусен во службите, Пендаровски бесрамно во едно телевизиско интервју изнел повеќе невистини, во обид да го злоупотреби токму гостувањето во медиумот, па само во еден час го покажал сиот заевизам што го спроведува, продава и се обидува да го наметне за следните 5 години.

Стоилковски како прв пример го наведе барањето доказ на Пендаровски дека некогаш споменал „стока“ за народот, веројатно сметајќи на акцијата за бришење на таа изјава од социјалните медиуми.

Еве го потсетуваме на изјавите Пендаровски како тој вели дека народот бил стока, го качувале во автобуси, дека луѓето биле затворани во трло и дека ако се луѓе не би требало да бидат, присутни а станува збор за еден собир од 2015 година и дека партиските членови фактички не се луѓе. Денес на истите граѓани Пендаровски демократски пак им порачува, на оние што доаѓаат и што ги носат според списоци по, нели со комбиња, на неговите трибини, да не му се појавуваат пред очи ако загуби! Ова е класичен пример за заевизмот и за политичката филозофија  „Кажувам, заборавам, негирам“, изјави Стоилковски.

Стоилковски потоа ја спомена изјавата на Пендаровски во која тој вели оти е следен од разузнавачки служби и оти е загрижен за безбедноста, а за што и премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Спасовски јавно изјавуваа дека нема опасност по него.

Тоа е уште еден заевизам покажан од страна на Стево Пендаровски, уште едно кажување, заборавање, негирање, рече Стоилковски.

Како трет пример тој ја посочи изјавата на Пендаровски дека присуството на министрите и на премиерот на митинзите не е спорна, но и првичниот извештај од изборната 2014 година на ОБСЕ во кој наведува  дека „во голема мера беа присутни премиерот и останатите министри од кабинетот. Јасната поддршка во текот на изборната кампања придонесе кон нерамноправен терен и нецелосно почитување на раздвојувањето на партијата од  државата, согласно побарувањата од ставот 5.4 од Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година, како и стандардите на Советот на Европа“.

Тоа е уште еден пример од неколкуте што ги посочив, само од едночасовно интервју зошто Стево Пендаровски е марионета во рацете на Заев. Секојдневно Пендаровски потврдува дека е искусна марионета во рацете на заевизмот. На Македонија и е многу и еден Заев, на Македонија и е потребна правда и правдина за Македонија и таа правдина за Македонија ќе победи, рече Стоилковски.