Зголемувањето на бројките на заразени како и доаѓањето на новите соеви го кренаа алармот кај власта. Првиот потег е направен денеска а тоа е предлогот за воведување на нов полициски час од 22 до 5 часот.
Штом Комисијата за заразни болести предлага повеќе од очигледно е дека владата овој предлог ќе го прифати и оти има „амин“ од министерот за здравство Венко Филипче.
Зошто власта се одлучува на ваков чекор
Има неколку причини. Прво за да го скрие резилот од зголемувањето на бројот на заразени во ситуацијата кога до вчера немавме ниту една набавена вакцина, ако не се смета донацијата од Србија.
Македонските граѓани имаат непријатни искуства со полицискиот час. Сите се сеќаваме како лани мерките олабавија пред Бајрам а се заострија пред Велигден.
Првиот полициски час го имавме кон крајот на март минатата година, а потоа и за Задушница и Велигден кога бевме затворени по неколку дена. Тогаш бројките не само што не се намалија туку и се зголемија.
Така ќе биде и сега. Очигледно е дека намерата на власта е да го држи народот под страв и постојана психоза.
Но иако власта посегнува по полициски час, не и паѓа на памет да се откаже од пописот на населението па дури и се заканува со казни за оние што ќе одбијат да се попишат. Можеме само да замислиме каков ќе биде тој попис кој ќе почнува веднаш штом заврши полицискот час.
Оправдан е стравот кај граѓаните кои не сакаат да ги примат попишувачите дома кога тие претходно биле во којзнае колку домови.
Згора на тоа, власта не успеа да обезбеди вакцини за попишувачите кои требаше да бидат на приоритена листа заедно со лекарите.
Па сега ќе имаме попис и полициски час во едно. Кој нема да биде приведен ќе раскажува дали го попишале.
Comments are closed for this post.