На денешната прес-конфереција директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ, рече дека различно се лекуваат сите пациенти. Една средно тешка клиничка слика се лекува по четиринаесет дена, но има и многу подолго кои остануваат во болница.

Смртноста со зголемување на бројот, со пребукирање на болничките капацитети, од самиот почеток инсистиравме на почитување на мерките. За жал изгубиме млади и релативно млади луѓе, дел од нив со коморбидитети. Ние не сфаќаме сериозно дека обезноста е сериозен ризик за тешка слика на ковид-19. Ние сите како нација имаме по килограм, два вишок, но кај оние со повеќе вишок килограми ковид-19 се манифестира многу потешко – појасни Стевановиќ.