Проблемите меѓу Бугарија и ЦМакедонија треба да се решат обострано, без мешање, изјави бугарскиот технички премиер Стефан Јанев, по средбата со албанскиот премиер Еди Рама, кој престојуваше во Софија во еден вид посредничка мисија.

Двајцата премиери се согласија дека бугарско-албанските односи се многу добри. Јанев призна дека случајот меѓу Софија и Скопје станува пречка и за европскиот пат на Албанија, зашто засега Скопје и Тирана одат заедно по патот кон Европскат унија.

-Албанија верува дека народите на Бугарија и Република СМакедонија се блиски, изјави премиерот Рама.

Откако добрите бугарско-албански односи ги опиша на албански јазик, за односите со Македонија, Рама претпочиташе да зборува на англиски јазик.

-Од апсолутна важост за Албанија е да го видиме тој случај затворен. Сосема ни е јасно дека тоа е многу чувствително прашање и тука, и во нашата братска држава Република СМакедонија. Истовремено, ние сме принудно вовлечени во тоа, рече Рама.

Од своја страна, техничкиот премиер Стефан Јанев изјави дека се надева оти бугарската позиција околу Република СМакедонија е веќе подобро објаснета.

-Како меѓу нашите европски партнери, така и во Албанија е добро позната и добро објаснета, така што да не се стекнува ефекет на негативни намери и соодветно да се пренесува во двете општества за да не се создава негативно чувство дека Бугарија прави нешто неправилно, изјави Јанев.

Според Јанев, разликите меѓу Софија и Скопје не треба да се решаваат во областа на европската дипломатија. Оваа теза ја поддржа и албанскиот премиер Рама, кој дополни дека Тирана подеднакво ги поддржува и Софија и Скопје.

-Не верувам дека реално други можат да го сторат или да го замента тоа, што се очекува од вдете држави и тие треба да стигнат до таму. Се надевам дека тоа скоро ќе се случи, изјави Рама.

Обраќањето на англиски јазик Рама го оправда со тоа дека сака да биде сигурен оти нема да биде погрешно протолкуива од страна на претставници на Македонија.