Осудесет и едно годишен скопјанец Д.Д. е тешко повреден во сообраќајна несреќа во која во него удрил автомобил марка „Голф“ со скопски регистерски ознаки. По ударот, Д.Д. е пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Сообраќајката се случила на крстосницата на улица „Кемал Сејфула“ со улицата „Павле Илиќ“. , а голфот го управувал 32-годишниот С.С. од Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје. Како што соопштуваат од МВР, се работи на расчистување на случајот.