Во телефонот на македонски водител и поранешна реалити ѕвезда Боки 13 полицијата пронашла шокантна преписка со еден српски политичар, објави Српски телеграф. Пронајдени биле и експлицитни фотографии од нивното интимно дружење.

Целиот текст ќе биде објавен во викенд бројот на весникот под наслов „Боки правел оргии со српски политичар“.

Во најавата за утрешниот број на весникот весникот прашува: Какви се врските на корупциската афера „Рекет“ и „забранетата љубов“? Дали српскиот политичар емотивно го искористувал Бојан Јовановски за да добие дел од милионскиот колач? Што уште откриваат материјалите од телефонот ќе може да се причита во утрешното издание на Српски телеграф.