Груевски нема српско државјанство и пасош, а дополнително се утврдува дали до Унгарија патувал преку територијата на Србија, објави српската Н 1, а пренесува МИА. Повеќе српски партии побараа одговор од владата на Србија за тоа дали оваа држава одиграла улога во заминувањето на пооранешниот македонски премиер за Будимпешта. партијата на слободни граѓани и Граѓански блок 381 оценуваат дека Србија под власта на СНС станала „безбедна зона” за богатите луѓе кои во своите земји бегаат од правдата.
Дали Вучиќ му помогнал размислувајќи и за себе, дали незаконски и наредил на разузнавачката служба БИА тајно да го прифати Груевски и да го спроведе преку Србија зашто сака да создаде пракса која утре и нему ќе му треба, прашуваат од ПСГ и Граѓански блок 381 во соопштението до јавноста.
Тие наведуваат и дека советникот на принцот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед, Мухамед Дахлан, кој е на меѓународна потерница, има добиено државјанството и орден на Србија, а потоа ја има закупено поранешната претседателска вила на Дедиње. Потсетуваат и на поранешниот романски пратеник Себастијан Гици за кој е распишана меѓународна потерница за перење пари, примање и давање мито, уцена и злоупотреба на класифицирани информации, а Србија му даде азил.
Comments are closed for this post.