До крајот на неделата сите училилници во средните училишта на Град Скопје ќе бидат опремени со апарати за прочистување на воздухот. Гимназијалците во „Орце Николов“ добија први. Во една од училниците каде е поставен прочистувач пристигна и градоначалникот Петре Шилегов.
Тој рече дека набавени се 572 прочистувачи на воздух за секоја училница за средните училишта во Скопје. Целата вредност на набавката е 11.670.672 денари, од оваа сума 3.000.000 се донација од МЕПСО.
Според Шилегов станува збор за најмодерни прочистувачи на воздух од една од трите најдобри светски марки на производители.
Тој додаде дека поради фактот што ученичката популација е значајна за Град Скопје оваа година се реконструирани 11 средни училишта и тие добија енергетски ефикасни фасади, а во преостанатите училишта е извршена санација на санитарните јазли, подови и греење онаму каде што бело потребно. За овие интервенции Градот од Буџетот издвоил 60 милиони денари.
Comments are closed for this post.