Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на фејсбук објави документ од системот за јавни набавки, според кој, владеачките партии ќе го мерат рејтингот на владините политики, и ефикасноста од истите, односно, како што наведува тој, рејтингот на нивните градоначалници и кандидати за 102.000 евра, буџетски пари.
Среде пандемија и тешка економска криза, владината коалиција со буџетски 102.000€ (без ДДВ) ќе си плаќа анкети за мерење на рејтингот на нивните градоначалници и кандидати.
А има толку многу реални потреби и проблеми што треба да се решаваат со буџетските средства, пишува Милошоски на фејсбук.
Comments are closed for this post.