Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во нашата држава.
На состанокот се изразени честитки за формирањето на новата Влада согласно законските и уставните рокови. При тоа е констатирано дека на почетокот од функционирањето на Владата се видливи ветувачки амбиции и планови за ефикасна работа на Владата. Оценето е дека добрососедските односи се вредност и за нашата земја и за регионот и дека постои релаксирачка клима во државата за посветена работа на внатрешен план.
Заеднички е ставот дека области на коишто треба да се посвети посебно внимание во претстојниот период се владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата, каде е направен голем прогрес во легислативата, којашто сега треба целосно да се имплементира.
Премиерот Заев објасни дека Владата е силно посветена на овие приоритети.
Сега е време за резултати на планот на економијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Решени сме да воспоставиме функционална правда, за ефикасна борба со криминалот и корупцијата и за развој на економијата. По решавањето на билатералните прашања со соседите, како што покажа и средбата во Атина, отворивме шанси за поинтензивна економска соработка и на регионално ниво, што ќе донесе економски бенефити за граѓаните на нашите држави, рече премиерот Заев.
На состанокот беше разговарано и за можностите за помош и поддршка од Холандија во важните области во евроинтеграцискиот процес како и за интензивирање на билатералната соработка помеѓу Македонија и Холандија во областа на економијата.
Comments are closed for this post.