– Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе одржи редовна средба со лидерите од владината коалиција на која ќе ги информира за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат.

Во пресрет на средбата Централниот одбор на СДСМ синоќа ги повика сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат.

ЦО на седницата донел заклучок дека како одговорна и државотворна партија се што е до СДСМ ќе биде направено за да продолжи напредокот кон ЕУ и го задолжил Ковачевски да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори, за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат, информираше портпаролката Богданка Кузеска, потенцирајќи дека членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именуван носители на јавни функции од СДСМ, се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот.